Location Локација

ДТЦ "Мавровка"
сутерен - лок.72 Б,Скопје

Дарко Џартовски

Адвокат

consultation Контакт

+389(0)78 235 733

info@dzartovski.com

СУДСКИ ТАКСИ

ТАКСЕНА ТАРИФА

I.ПАРНИЧНА ПОСТАПКА И ИЗВРШУВАЊЕ

1.Поднесоци

Тарифен број 1

  1. За тужба, против тужба и за предлог за повторување на постапка според вредноста на спорот се плаќа следнава такса:
    Вредност на спорот во денари
    преку до Такса во денари
    10.000 480
    10.000 20.000 800
    20.000 40.000 1.200
    40.000 60.000 1.600
    60.000 100.000 2.000
    Преку 100.000 уште 2% на секој започнат денар над 100.000 денари, а најмногу вкупно 48.000 денари;
  2. За тужба со предлог за издавање платен налог, за предлог за противизвршување, обезбедување на побарувања и за издавање времена мерка, за отказ на договор за закуп на деловна зграда или деловна просторија , за приговор против решение за противизвршување или обезбедување, за одговор на жалба или ревизија, се плаќа половина од таксата од точката 1 на овој тарифен број;
  3. За приговор против неправилности при извршување според Законот за извршување и за судска одлука донесена по приговорот се плаќа половина од судската такса од точката 1 на овој тарифен број според вредноста на оспорениот дел;
  4. За жалба против решение на претседателот на основниот суд според Законот за извршување, се плаќа такса како за тужба;
  5. За одговор на приговор и одговор на жалба според Законот за извршување се плаќа половина од таксата од точката 1 на овој тарифен број;
  6. За жалба и ревизија против пресуда и за жалба против решение во спорови поради смеќавање на владение и предавање во владение, се плаќа двојната такса од точката 1 на овој тарифен број;
  7. За жалба против решение со кое се завршува постапката се плаќа таксата од тоќката 1 на овој тарифен број;
  8. За предлог за враќање во поранешна состојба, за предлог за признавање на одлука на странски суд, за предлог за обезбедување докази, за предлог за обид за порамнување пред поведување на постапка, се плаќа такса во износ од 480 денари;
  9. За приговор против решение за признавање на одлука на странски суд, се плаќа такса во износ од 480 денари;
  10. За жалба против решението донесено по предлог за враќање во поранешна состојба, против решение за признавање на одлука на странски суд, се плаќа такса во износ од 800 денари;
  11. За барање за изземање на судија или претседател на суд се плаќа такса во износ од 800 денари и
  12. За жалба против решение донесено согласно со членот 27 став 2 од овој закон се плаќа паушална такса во износ од 1.200 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. ако во тужбата е ставен предлог за обезбедување на побарување покрај такса за тужба се плаќа такса и за предлогот, освен во статусните спорови (развод или поништување на брак, утврдување на родителско право) и во споровите за издржување;
  2. ако во жалба е ставен предлог за враќање во поранешна состојба се плаќа такса како за предлог.Ако постапката продолжи по жалба се плаќа такса и за жалба;
  3. за предлог за противизвршување и за предлог за обезбедување на побарувања, се плаќа една такса и кога се предлагаат повеќе средства за противизвршување, односно обезбедување , без оглед дали тие се предлагаат истовремено или дополнително
  4. за поднесоци примени на записник, се плаќа такса предвидена за односниот поднесок и
  5. ако е донесено решение од членот 27 став 2 на овој закон како последица на неплатена такса, странката дополнително не плаќа такса за дејствието што е пропуштено.

2.Одлуки

Тарифен број 2

  1. За првостепена пресуда, како и за решение во спорови поради смеќавање на владение и предавање во владение, според вредноста на предметот на спорот, се плаќа таксата од точката 1 на тарифниот број 1;
  2. За пресуда поради изостанок, за пресуда врз основа на признание, пресуда врз основа на одрекување, пресуда поради неподнесување на одговор на тужба и пресуда без одржување на расправа, донесени на подготвително рочиште, односно на првото рочиште за главна расправа, ако подготвителното рочиште не е одржано, се плаќа половина од таксата од точката 1 на тарифниот број 1;
  3. За решение за издавање платен налог се плаќа половина од таксата од точката 1 на тарифниот број 1;
  4. За решение за обезбедување на побарувања се плаќа половина од таксата од точката 1 од тарифниот број 1, а ако ова решение се донесува врз основа на странска извршна исправа, се плаќа полната такса од точката 1 на тарифниот број 1;
  5. За решение по предлогот за враќање во поранешна состојба за решение за обезбедување докази и за решение по предлогот за признавање на одлука на странски суд, за решение со кое се завршува постапката и за решение од членот 27 став 2 на овој закон се плаќа такса во износ од 800 денари и
  6. За решение за изземање на судија или претседател на суд се плаќа такса во износ од 800 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. за дополнителна пресуда или решение не се плаќа такса, ако за одлуката што е дополнета е платена такса според полната вредност на спорот;
  2. за меѓупресуда се плаќа такса во полн износ според вредноста на предметот на спорот, а за конечната одлука не се плаќа такса;
  3. за делумна пресуда се плаќа такса според вредноста на барањето за кое е одлучено, а за конечната одлука се плаќа такса според вредноста на остатокот на спорниот предмет што не е опфатен со делумната пресуда;
  4. за првостепена пресуда што е донесена во врска со противтужба се плаќа такса како да е посебно расправано за противтужба;
  5. ако заради заедничко расправање се споени повеќе постапки, такса за пресудата се плаќа посебно за секој спор, како да не постои спојување на повеќе постапки;
  6. таксата за решението за издаден платен налог се засметува во таксата за одлуката што ќе биде донесена по повод приговорот, односно во таксата за порамнување;
  7. такса за приговор против неправилности при извршување, жалба против одлука за обезбедување на побарување, како и такса за одлука по повод тужбата во која е ставен предлог за издавање на платен налог, се плаќа при поднесувањето на приговорот, жалбата, предлогот, односно тужбата и
  8. за решение за обезбедување се плаќа една такса, без оглед дали е одлучено за повеќе средства за обезбедување и без оглед дали за сите овие средства е одлучено истовремено или дополнително.

3.Порамнување

Тарифен број 3

  1. За судско порамнување, според вредноста за која странките се спогодиле се плаќа една четвртина од таксата од точката 1 на тарифниот број 1 и
  2. Ако вредноста на предметот на порамнувањето не може да се утврди, се плаќа такса во износ од 2.400 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. ако со меѓупресуда е одлучено за основот на барањето, а потоа се склучи порамнување за износот на барањето, не се плаќа такса за порамнување.

II.ВОНПАРНИЧНА ПОСТАПКА

А.Општи одредби

Тарифен број 4

  1. За предлог за поведување вонпарнична постапка се плаќа такса во износ од 480 денари;
  2. За одлука во вонпарнична постапка се плаќа такса во износ од 1.000 денари, а за порамнување 480 денари;
  3. За жалба и ревизија во вонпарнична постапка се плаќа такса во износ од 800 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. такса по овој тарифен број се плаќа во сите вонпарнични постапки, доколку со Таксената тарифа поинаку не е определено;
  2. во постапка за прогласување за умрено лице, кое исчезнало во војна или во елементарна непогода, не се плаќа такса и
  3. ако жалбата ја поднесува лицето лишено од деловна способност, односно неговиот законски застапник или старател, не се плаќа такса.

Б.Посебни одредби за одделни видови вонпарнични постапки

1. Оставинска постапка

Тарифен број 5

  1. За решение за наследување се плаќа такса според вредноста на чистата оставина, и тоа:
    Вредност на спорот во денари
    преку до Такса во денари
    - 10.000 480
    10.000 50.000 800
    50.000 100.000 1.600
    100.000 2.400

    преку 100.000 уште 1% за секој започнат денар преку 100.000, а најмногу вкупно 9.600 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. судот ја утврдува вредноста, што е основица за одмерување на таксата, по слободна оцена врз основа на изјава на наследниците и податоците со кои располага. По потреба, судот може да нареди да се изврши процена преку вешти лица на трошок на наследниците. Вредноста на чистата оставина се утврдува според вредноста што ја има во времето на процената;
  2. наследниците ја плаќаат таксата сразмерно со наследните делови и
  3. не се плаќа посебна такса за делба на наследство, ако наследниците спогодбено ја предложат делбата и спогодбата за делбата треба да биде внесена во решението за наследство.

Тарифен број 6

  1. За жалба против решение за наследување, се плаќа такса во износ од 800 денари.

2. Составување и чување на тестамент

Тарифен број 7

  1. За составување на судски тестамент, се плаќа такса во износ од 800 денари;
  2. За чување тестамент во судот, за отповикување тестамент пред судот и за враќање на тестамент кој се чува во судот, се плаќа такса во износ од 480 денари и
  3. За враќање на тестамент што се заменува со нов се плаќа такса во износ од 300 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. не се плаќа нова такса за чување ако се врши замена на тестаментот, но се наплатува такса за враќање за тестаментот што се заменува и
  2. не се плаќа такса за отповикување на тестамент ако со подоцнежниот тестамент се отповикува поранешниот и наедно се составува нов тестамент.

3. Постапка за делба

Тарифен број 8

  1. За предлог за делба на заеднички предмет или имот, се плаќа такса во износ од 800 денари и
  2. За одлука на предлогот и за жалба против одлуката, се плаќа такса во износ од 960 денари.

4. Постапка за уредување на меѓи

Тарифен број 9

  1. За предлог за уредување на меѓи, се плаќа такса во износ од 800 денари и
  2. За одлука по предлогот и за жалба против одлуката, се плаќа такса во износ од 960 денари.

5. Заверка на потписи,ракописи,фотокопии,преписи и преводи

Тарифен број 10

  1. За молба (писмена или усна), со која се бара заверка на потпис(ракознак),ракопис,препис или превод, се плаќа такса во износ од 100 денари;
  2. За заверка на секој потпис се плаќа такса во износ од 200 денари;
  3. За заверка на превод на постојан судски преведувач, се плаќа такса во износ од 200 денари;
  4. За заверка на ракопис или препис, за секоја страница се плаќа такса во износ од 300 денари;
  5. За заверка на препис или исправа пишувана на странски јазик, за секоја страница се плаќа такса во износ од 400 денари;
  6. За заверка на фотокопија на документ, за секоја страница се плаќа такса во износ од 100 денари и
  7. За потврдување на договор се плаќа:
    1) според вредноста на предметот на договорот, и тоа:
    Вредност на спорот во денари
    преку до Такса во денари
    - 10.000 300
    10.000 50.000 500
    50.000 100.000 1.000

    преку 100.000 уште 0,5%, а најмногу 2.000 денари;
    2) ако вредноста на договорот не може да се утврди, се плаќа такса во износ од 400 денари и
    3) за заверка за продолжување на рокот за важење на договор се плажа 50% од таксата од точката 7 потточки 1 и 2 на овој тарифен број.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. ако таксата не е платена, не се врши заверка;
  2. за заверка на потпис и печат, се плаќа една такса и
  3. не се плаќа такса за заверка на исправи за остварување на правата од социјално осигурување во странство.

III. КРИВИЧНА ПОСТАПКА ПО ПРИВАТНА ТУЖБА

1. Поднесоци

Тарифен број 11

  1. За приватна тужба, противтужба и за барање за повторување на постапка, се плаќа такса во износ од 800 денари;
  2. За предлог за враќање во поранешна состојба, се плаќа такса во износ од 400 денари и
  3. За жалба против првостепена пресуда и за жалба против решение со кое е изречена судска опомена, се плаќа такса во износ од 800 денари.

2. Одлуки

Тарифен број 12

  1. За првостепена пресуда и за решение со кое се изрекува судска опомена се плаќа такса во износ од 800 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. ако првостепената одлука се укине, платената такса се засметува во таксата за новата првостепена пресуда.

IV. ПОСТАПКА ПО УПРАВНИТЕ СПОРОВИ,УПРАВНО-СМЕТКОВОДНИТЕ СПОРОВИ И ЗА СУДСКА ЗАШТИТА

1. Поднесоци

Тарифен број 13

  1. За тужба против поединечен акт, се плаќа такса во износ од 480 денари;
  2. За барање на судска заштита против конечни поединечни акти и за барање за заштита поради незаконито дејство, се плаќа такса според точката 1 од овој тарифен број;
  3. За тужба за повторување на постапка, се плаќа такса според точката 1 од овој тарифен број;
  4. За тужба во управно-сметководни спорови, се плаќа такса во износ од 800 денари;
  5. За жалба против пресуда донесена во управен спор, се плаќа такса во износ од 800 денари и
  6. За жалба против пресуда донесена во управно-сметководен спор, се плаќа такса во износ од 1.600 денари.

2. Одлуки

Тарифен број 14

  1. За пресуда во постапка во управен спор, се плаќа такса во износ од 800 денари;
  2. За пресуда во постапка во управно-сметководен спор, се плаќа такса во износ од 1.600 денари;
  3. За одлука по барање за судска заштита против конечни поединечни акти и по барање за заштита поради незаконито дејство, се плаќа такса според точката 1 од овој тарифен број и
  4. За одлука по барање за повторување на постапката, се плаќа такса во износ од 480 денари.

V. БАРАЊЕ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕКРШОК

Тарифен број 15

  1. За барање за преиспитување на решението за прекршок, се плаќа такса во износ од 480 денари;
  2. За одлука на судот со која барањето за преиспитување на решението за прекршок е отфрлено, се плаќа такса во износ од 480 денари и
  3. За одлука на судот со која барањето за преиспитување на решението за прекршок е одбиено, се плаќа такса во износ од 800 денари.

VI. УПИС ВО РЕГИСТРИ ШТО ГИ ВОДИ СУДОТ

Пријави

Тарифен број 16

  1. За пријава за упис во регистри што ги води судот (во натамошниот текс:регистри), се плаќа такса во износ од 960 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. ако со една пријава се бараат повеќе уписи за ист субјект на уписот, се плаќа само една такса од овој тарифен број.

2. Упис во регистри

Тарифен број 17

  1. За решение за упис на субјектот на уписот, се плаќа такса во износ од 1.600 денари;
  2. За решение за упис за здружување, организирање, промена на организираноста или статусните измени на субјектот на уписот, се плаќа такса во износ од 800 денари;
  3. За решение за упис на други податоци за субјектот на уписот или за упис на промена на запишаните податоци, се плаќа такса во износ од 400 денари и
  4. За решение за упис на престанок на субјектот на уписот, се плаќа такса во износ од 800 денари.

4. Објавување

Тарифен број 18

  1. За доставување на запишаните податоци заради објавување во "Службен весник на Република Македонија", се плаќа такса во износ од 400 денари.

VII. СТЕЧАЈНА ПОСТАПКА

1. Поднесоци

Тарифен број 19

  1. За предлог за отворање на стечајна постапка, се плаќа такса во износ од 480 денари;
  2. За план за реорганизација поднесен во текот на стечајната постапка, се плаќа такса во износ од 480 денари;
  3. За пријава на доверител, се плаќа такса во износ од 480 денари и
  4. За жалба против решение на стечајниот судија, се плаќа такса во износ од 800 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. не плаќа такса од овој тарифен број доверител кој поради отворање на стечајна постапка останал без работа.

2. Паушална такса

Тарифен број 20

  1. Паушална такса се плаќа:
    1)во стечајна постапка од вкупните износи што се употребени или што стојат на располагање за намирување на долговите на стечајната маса во износ од 2%, а најмногу 9.600 денари и
    2)во постапката за прифаќање на планот за реорганизација во вкупните износи за кои е прифатен планот во износ од 1%. а најмногу 4.800 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. паушалната такса се смета како долг на стечајната маса.Оваа такса ја плаќа стечајниот управник по правосилноста на одлуката за главна делба.

VIII. ПОСЕБНИ СЛУЧАИ

1. Судски уверенија

Тарифен број 21

  1. За поднесок со кој се бара издавање на уверение, се плаќа такса во износ од 80 денари и
  2. За уверение се плаќа такса во износ од 240 денари, а за вториот и секој натамошен примерок се плаќа такса во износ од 80 денари за секој примерок.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. уверение не се издава ако таксата не е платена.

2. Полномошно

Тарифен број 22

  1. За издавање усно полномошно на записник пред суд, се плаќа такса во износ од 80 денари;
  2. За усно отповикување или отказ на полномошно на записник пред суд, се плаќа такса во износ од 80 денари и
  3. За судско известување за отповикување или отказ на полномошно, се плаќа такса во износ од 160 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. не се плаќа такса од овој тарифен број во кривична постапка за дела што се гонат по службена должност.

3. Разделување на списи

Тарифен број 23

  1. За разделување на архивирани судски списи, се плаќа такса во износ од 240 денари.

4. Преписи

Тарифен број 24

  1. За препишување на судски акти, како и за препишување на акти од збирка на исправи, што го извршил судот по барање на странката, се плаќа такса во износ од 80 денари за секоја страна од оригиналот. За секој натамошен примерок на препис и за препис на судски записник, што бил изготвен истовремено со оригиналот, се плаќа такса во износ од 40 денари за секоја страница;
    1-a. За втор дигитален запис од тонското снимање на рочиште се наплатува такса во износ од 50 денари.
    1-б. За писмена (хартиена) форма на тонски запис од рочиште се наплатува такса во износ од 40 денари од секоја страница симнат тонски запис, а за секој натамошен примерок од него се наплатува 20 денари за секоја страница.
    1-в. За доставување на примерок од судска одлука објавена на веб страницата на одлуката.
  2. За препишување на исправа на странски јазик, се плаќа двојна такса од точката 1 на овој тарифен број;
  3. За молба за издавање препис и за заверка на преписот се плаќа такса според тарифниот број 10 и
  4. Препис не се издава ако таксата не е платена.

5. Изводи од јавни книги

Тарифен број 25

  1. ЗА извод од регистар, се плаќа такса во износ од 80 денари за секоја страница;
  2. За секој натамошен примерок на изводот, како и за изводот што го составила странката и му го поднела на потврда на судот, се плаќа половина од таксата од овој тарифен број и
  3. Изводот не се издава ако таксата не е платена.

6. Судски депозит

Тарифен број 26

  1. За депозит (чување) на пари, предмети и хартии од вредност, се плаќа такса годишно во износ од 1 % од вредноста на депозитот.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. такса се плаќа за првата година однапред, а за другите години при подигање на депозитот. Започнатата година се смета за цела година;
  2. ако депозитот се пренесе од еден на друг суд по барање на депонентот, за пренос се плаќа износ на едногодишна такса;
  3. ако вредноста на предметот може да се утврди само со процена, се врши процена од страна на вештаци на трошок на депонентот и
  4. не се плаќа такса ако депозитот се полага по барање на државни органи и се подига во предвидениот рок.

7. Протести

Тарифен број 27

  1. За протест на меница, чек и други исправи или договори поради неакцептирање, неисплата или неисполнување, како и за замена на протести, според прописите за меницата и чекот, се плаќа такса според вредноста, и тоа:
    Вредност на спорот во денари
    преку до Такса во денари
    - 10.000 300
    10.000 30.000 800
    30.000 60.000 1.000
    60.000 100.000 1.500
    100.000 2.000
  2. За молба за протест се плаќа такса според точката 1 од тарифниот број 10.

8. Правна помош

Тарифен број 28

  1. За поднесок кој се дава усно на записник пред судот, се плаќа такса според тарифниот број за односниот поднесок и
  2. За составување на договор пред судот се плаќа такса:
    а) според вредноста на предметот на договорот, и тоа:
    Вредност на спорот во денари
    преку до Такса во денари
    - 10.000 300
    10.000 30.000 800
    30.000 60.000 1.000
    60.000 100.000 1.500
    100.000 2.000

    б) ако вредноста на предметот на договорот е непроценлива, се плаќа такса во износ од 1.000 денари.

9. Други предмети

Тарифен број 29

  1. За предлог на странката судот да определи судија или претседател на избран суд, се плаќа такса во износ од 480 денари;
  2. За предлог за изземање на судија на избран суд, се плаќа такса во износ од 800 денари и
  3. За ставање потврда на правосилност или извршност на пресуда на избран суд, се плаќа такса во износ од 480 денари.

    ЗАБЕЛЕШКА:

  1. не се плаќа таксата од точката 1 на овој тарифен број ако предлогот за назначување на претседател на избран суд го поднел избран судија.

Тарифен број 30

  1. За опомена со која некој се повикува да плати такса што бил должен да ја плати и без опомена, се плаќа такса во износ од 160 денари.